Свет

Земјотрес со јачина од 5,6 степени во Чиле

Земјотрес со јачина од 5,6 степени во Чиле

Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во Чиле, јави Ројтерс, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил со епицентар на 113 километри југоисточно од градот Калама и на длабочина од 174 километри.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни