Македонија

Облачно време со врнежи од дожд

Облачно време со врнежи од дожд

Ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд повремено со пороен интензитет.

Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните и крајните источни делови, а на југоистокот ќе има и услови за појава на грмежи проследени со повремено пороен дожд и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни