Свет

Се преврте камион полн со мигранти во Мексико, најмалку 25 загинати

Најмалку 25 лица загинаа, а уште најмалку толку се повредени откако камион полн со мигранти се преврте во јужниот дел од Мексико. Мигрантите биле од Централна Америка, а камионот се превртел на автопат во државата Чаиапас, која граничи со Гватемала, соопштија локалните власти.

Медиумите соопштуваат дека камионот бил без лиценца, и скршнал од патот по што се превртел.

Секоја година мигранти преку Мексико се обидуваат да стигнат до САД.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни