Свет

Во Романија се преврте автобус со 33 патници

Во Романија се преврте автобус со 33 патници

Девет лица се повредени кога автобус со 33 патници се превртел во саботата вечерта во северозападна Романија, јавува агенцијата Агерпрес.

Инцидентот се случил околу 19 часот во близина на градот Бутени во областа Арад. Автобусот се превртел во канал покрај патот.

Девет лица се префрлени во болница со повреди кои не се опасни по живот, а повеќето од другите патници се пренесени во градското собрание на Бутени за да чекаат друга опција за продолжување на патувањето, известуваат од Инспекторатот за вонредни ситуации на округот Арад.

Окружниот полициски инспекторат извести дека автобусот бил регистриран во округот Темишвар и вршел туристички превоз. Возачот е 50-годишен маж од округот Тимиш. Истрагата покажа дека тој не консумирал алкохол.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни