Свет

Патничка се породила во авионот за Амстердам без да знае дека е бремена

Патничка се породила во авионот за Амстердам без да знае дека е бремена

Млада жена изненадувачки родила бебе за време на лет за Амстердам, јавуваат ДПА.

Патувајќи со Royal Dutch Airlines од Еквадор до Амстердам, Холандија, минатата недела, жената доживеала неочекувани болки во стомакот. Таа отиде во тоалет и по неколку контракции роди момче. Според соопштението на холандската болница, жената не знаела дека е бремена, прецизираат агенциите.

Во авионот патувале двајца лекари и медицинска сестра од Австрија и пружиле лекарска помош. Холандската болница „Spaarnse Gasthuis“, каде што жената и детето биле примени по слетувањето на авионот, известиле дека бебето го добило името по еден од оние кои и помогнале на мајката да се породи – Максимилијан.

И мајката и бебето се чувствуваат добро.

Биле издадени потребните документи, мајката можела да го продолжи патувањето до Мадрид како што планирала, но во друштво на дете.

Авиокомпанијата го потврди инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни