Фотограф почина додека известуваше за Светското првенство во Катар.
Калид Ал-Мислам, кој снимаше за спортскиот канал ТВ Ал Кас, го загуби животот во саботата вечерта. Неговата смрт ја објавија медиумите каде работел Ал-Мислам, но без да се соопштат причината. Фоторепортерот долги години е дел од спортската уредничка екипа на медиумите.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот колега. Сите ние на телевизиските канали жалиме за загубата“, пишуваат арапските медиуми.
Ова е втор смртен случај на новинар во рок од два дена од Светското првенство во Катар.
Американскиот репортер Грант Вол почина во петокот навечер додека го следеше натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина. Според официјалната верзија, смртта била последица на бронхитис.