Во Британија четири деца се во критична состојба откако паднале во ледените води на замрзнато езеро. Инцидентот се случил во парк со езеро во Солихал, предградие на Бирмингем. Четирите спасени деца биле пренесени во болници со срцев удар. Двете болници во кои се сместени децата не дале нови информации за нивната состојба.
Полицијата не можеше да потврди колку деца се вклучени во инцидентот. Според некои информации, 6 деца паднале во вода. Ричард Харис од полицијата на Вест Мидлендс изјави дека спасувачките тимови ќе продолжат да го пребаруваат езерото во текот на ноќта. Тој додаде дека кога пожарникарите биле повикани да помогнат, им било кажано дека во водата има шест деца. Еден од спасувачите исто така е хоспитализиран со хипотермија.
Студен бран ги зафаќа британските острови, а на места има обилни врнежи од снег. Температурите на повеќе места се под нулата. Лошото време се очекува да трае со денови. Аеродромот Гетвик беше принуден да ги затвори своите писти по ненадејните снежни врнежи.
Во меѓувреме, беше објавено дека бројот на жртвите од вчерашната силна експлозија во блок на островот Џерси достигна 5 лица. Четворица се уште се водат како исчезнати.