Свет

Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за повеќе санкции против Русија и доделување нови 2 милијарди евра за оружје за Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за повеќе санкции против Русија и доделување нови 2 милијарди евра за оружје за Украина

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија ќе се сретнат денеска за да се обидат да постигнат договор за дополнителни санкции против Русија и Иран и за доделување на уште 2 милијарди евра за испорака на оружје за Украина, објави Ројтерс.

Сепак, останува нејасно дали Унгарија ќе блокира некои од одлуките, прибегнувајќи кон она што дипломатите го опишаа како „уцена дипломатија“ поради спорот околу блокираните европски фондови за Будимпешта.

„Постои начелна согласност, но има и големиот слон во просторијата. Ова е вид на уцена дипломатија што би сакале да не ја видиме, но тоа е она што е“, рече висок европски дипломат за можноста за Будимпешта користејќи го правото стави вето, пренесе Ројтерс.

Министрите за надворешни работи ќе разговараат за деветтиот пакет санкции против Русија, според кој на листата на лица санкционирани од ЕУ треба да се вклучат уште речиси 200 луѓе и организации.

Министрите, исто така, се очекува да разгледаат нови санкции против ирански поединци и организации поради кршење на човековите права во задушувањето на демонстрантите од Техеран и поради испораката на дронови на Русија.

Дополнително, министрите за надворешни работи на ЕУ имаат намера да доделат дополнителни 2 милијарди евра за фондот, кој земјите-членки го користат за финансирање на испораките на оружје за Киев, но кој во голема мера е исцрпен по речиси 10 месеци војна.

Се очекува министрите да се договорат за испраќање цивилна мисија во Молдавија, која би можела да побара помош во сајбер безбедноста, борбата против корупцијата или зајакнувањето на владеењето на правото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни