Ги истражуваат причините за тешката автобуска несреќа меѓу Свиленград и Тополовград во Бугарија. Инцидентот се случил во неделата нешто по 17:00 часот. На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни единици.
ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА: Автобусот кој излета во провалија сообраќал од Кавала кон Бургас
Постојат две главни верзии на кои работат иследниците – човечка грешка и ненадејна техничка неисправност. Автобусот бил на релација Кавала – Бургас.
Асфалтот бил во нормална состојба, имало видливи ознаки, но коловозот бил лизгав што најверојатно довело до несреќата, соопштија од обвинителството на брифинг.
Во несреќата загина 68-годишна жена од Бургас, а 19 лица се повредени. Некои од нив се хоспитализирани. Во автобусот патувале и 4 деца, 2 со многу полесни повреди.