Балкан

Автобус кој се враќал од екскурзија излетал во Бугарија

Автобус кој се враќал од екскурзија излетал во Бугарија

Автобус излетал од патот кај Свиленградското село Миладиново, дознава bTV.

Возилото се враќало од екскурзија кога од засега непознати причини излегло од патот.

Патничкиот автобус со бургаска регистрација, во кој патувале 40 патници, паднал во провалија покрај патот.

На местото на несреќата веднаш се испратени екипи на итната помош, полицијата и противпожарната служба од Хасково, Харманли и Свиленград. Според информациите, едно лице починало.

Благодарение на интервенцијата на полицијата, сите патници се брзо извадени, некои се пренесени во болници, други се упатени на теренски преглед и им е организирано засолниште.

За бТВ министерот за здравство Асен Меџидиев соопшти дека се повредени 17 лица, од кои шест се пренесени во Харманли, а уште 11 во Хасково.

Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни