Свет

Поради лошите временски услови откажани летовите од Лондон

Поради лошите временски услови откажани летовите од Лондон

Обилниот снег и ниските температури го отежнуваат патувањето во делови од Обединетото Кралство, објави Ројтерс.

Хитроу, најпрометниот аеродром во земјата, откажа повеќе од 50 летови во понеделникот наутро поради магла.

Поради замрзнати делници има доцнење на возовите како и несреќи на автопатите.

Температурите би можеле да паднат до -15 Целзиусови степени во североисточна Шкотска во понеделник навечер – најниска забележана во Велика Британија од февруари минатата година, јавува Би-Би-Си.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни