Премиерот ги упати решение за нивниот проблем да бараат на адреса на градоначалничката и на Советот, бидејќи работа на Владата не е решавање на дневни и менаџерски проблеми, каков што е нивниот. Но, приватните превозници не отстапуваат. Сè уште очекуваат средба со него, но и со Арсовска, за која велат дека досега не покажала слух за нивните маки. Остануваат на блокадата на булеварот Илинден кај Град Скопје, со надеж дека ќе се најде решение, во спротивно, порачаа дека револтот може да го изразат и на поинаков начин отколку досега.
Приватните превозници бараат исплати на долгот, не отстапуваат од намерата да им се дозволи продолжат да ја вршат дејноста.
И додека од ВМРО-ДПМНЕ бараат Социјалдемократите и премиерот Ковачевски да побараат оставка од Арсовска, или, да ја повикаат да го исплати долгот кон превозниците, СДСМ го впери прстот кон нив како одговорни за настаниот хаос.
Блокадите продолжуваат. Градот Скопје ги раскина договорите со „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и објави нов јавен повик за дел од линиите.