Македонија

Во Охрид најмногу дожд изминатите 24 часа, попладне ќе провејува снег низ Македонија

Во Охрид најмногу дожд изминатите 24 часа, попладне ќе провејува снег низ Македонија

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-2 Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Куманово, Берово, 1 Лазарополе, Маврови Анови, Крушево, 2 Кр.Паланка, Штип, 3 Скопје-З.Рид, Струмица, Тетово, Демир Капија, 4 Битола, Гевгелија, Виница, Претор, 5 Прилеп, Охрид, Дебар.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)

23 Охрид, 20 Претор, 16 Дебар, 12 Крушево, 7 Крива Паланка, 6 Битола, 5 Прилеп, Пожаране, 4 Берово, 3 Тетово, 2 Штип, Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, во источните делови претежно североисточен, а во западните од југозападен правец. Во Пелагонија ветерот беше засилен и во Битола и Прилеп достигнуваше брзина над 45, а во Тополчани до 80 км/ч.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни