Свет

Лондон ги санкционира иранските бизнисмени и руската војска

Лондон ги санкционира иранските бизнисмени и руската војска

Велика Британија санкционираше 12 руски воени команданти вклучени во ракетни напади врз украински градови, како и ирански бизнисмени вклучени во производството и снабдувањето на воени дронови користени во нападите, објави Ројтерс.

Меѓу санкционираните е и генерал-мајор Роберт Баранов, за кој се верува дека е командант на единицата одговорна за програмирање и таргетирање руски крстосувачки ракети.

Велика Британија вели дека беспилотните летала од Иран одиграле централна улога во нападите врз цивили, повикувајќи се на американско разузнавање кое покажува дека Иран станал еден од најголемите воени поддржувачи на Русија, испраќајќи стотици беспилотни летала во Русија.

Техеран и Москва ги отфрлија западните обвинувања дека Русија користи ирански беспилотни летала за да напаѓа цели во Украина.

Според британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, намерните напади на руските сили врз градовите и невините цивили во Украина нема да останат без одговор. Иранскиот режим е се повеќе изолиран пред заглушувачките повици за промени од сопствениот народ и прави валкани договори со Путин во очајнички обид да преживее, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни