Свет

Репортери без граници: Над 500 новинари затворени во 2022 година

Репортери без граници: Над 500 новинари затворени во 2022 година
vintage vision of the profession of reporter

Бројот на затворени новинари годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници“, кој беше објавен денеска, пренесе Франс прес.

За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488.

Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57. Лани беа 48, а во 2020 година – 50.

Повеќе од половина од случаите на затворски новинари оваа година (податоци од 1 декември) се во 5 земји: Кина (110 случаи), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).

Во извештајот се истакнува дека иранските власти затворија невиден број новинари во последните 20 години, откако Исламската Република беше зафатена од масовни протести кои започнаа во септември.

„Затворите во земјите со диктаторски и авторитарни режими брзо се полнат со новинари“, рече генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар.

Од извештајот на невладината станува јасно дека годинава биле затворени невиден број новинарки – 78. За споредба, лани биле 60.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни