Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Сеизмолозите излегоа со детали за земјотресот кај Битола

Сеизмолозите излегоа со детали за земјотресот кај Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 14.12.2022 година регистрираше земјотрес 124 km југозападно од Скопје во пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 10 часот и 29 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни