Свет

Брод со мигранти потона кај Англија, има мртви

Брод со мигранти потона кај Англија, има мртви

Мал брод со мигранти потона во близина на југоисточниот брег на Англија, има мртви, јави Би-би-си.

Британската влада и службите за вонредни ситуации потврдија дека околу 03:40 часот по локално време се случил инцидент, што го поттикнало распоредувањето на британската и француската морнарица. Ним им се придружиле спасувачките екипи со чамци и хеликоптери, забележува Ројтерс и додава дека температурата во една од блиските населби била два Целзиусови степени.

Минатата недела имаше студен бран низ ОК, при што некои области забележаа снег.

Каналот редовно го минуваат илегални мигранти со мали, често гумени чамци. Оваа година бројот достигна рекордни 40.000. Бројките собрани од Проектот за исчезнати мигранти покажуваат дека од 2014 година, 205 загинале и исчезнале на Ла Манш.

Најлошиот регистриран инцидент од ноември минатата година, кога 27 мигранти се удавија додека се обидуваа да влезат во Британија со гумен чамец.

Веста за уште еден трагичен случај дојде само еден ден откако премиерот Риши Сунак ги објави плановите да предложи тешки законски измени за справување со илегалната миграција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни