Свет

Мароканците за денеска ги откажаа сите летови за Доха

Мароканците за денеска ги откажаа сите летови за Доха

НАЦИОНАЛНАТА авиокомпанија на Мароко објави дека ги откажува сите летови што ги планираше за денеска за да ги превезе мароканските навивачи во Доха за полуфиналето на Светското првенство, повикувајќи се на одлуката на катарските власти, пишува Ројтерс.

„По најновите ограничувања наметнати од катарските власти, Royal Air Maroc (RAM) со жалење ги информира клиентите за откажувањето на нивните летови управувани од Qatar Airways“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Канцеларијата за меѓународни односи на катарската влада не одговори веднаш на барањата за коментар. Royal Air Maroc претходно соопшти дека ќе понуди 30 дополнителни летови за да им помогне на навивачите да стигнат до Катар за полуфиналниот натпревар против Франција во среда навечер, но во вторникот RAM соопшти дека се планирани само 14 летови.

Откажувањето на седумте закажани летови за среда значеше дека RAM може да оперира само седум летови во вторник, оставајќи ги заглавени навивачите кои веќе резервирале билети за натпреварот или хотелски соби. RAM рече дека ќе ги надомести трошоците за авионски билети и им се извини на клиентите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни