Македонија

Се трага по лице облечено во црвени пантолони: Голема полициска акција во Карпош

Се трага по лице облечено во црвени пантолони: Голема полициска акција во Карпош

Полицијата трага по лице во близина на т.н. руски згради кај болницата „8 Септември“, дознава Канал 5.

Од таму велат дека лицето било облечено во црвени панталони.

При бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите бегале во паника.

Информацијата за Канал 5 ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

Од таму велат дека полициски службеници спроведуваат акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното, околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на ул. Драгиша Мишовиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни