Македонија

АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април

АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април

ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.

Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Р. Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди.

Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023.

Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период.

Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни