Македонија

Објавена содржината на заканата за бомба во Куманово: „Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“

Објавена содржината на заканата за бомба во Куманово: „Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“

Вознемирувачка е содржината со закана за бомба која денеска пристигна до девет основни и едно средно училиште во Куманово, објави кумановски муабети.

Во содржината на мејлот кој има наслов „Епсплозивен уред е поставен во вашето училиште“, се упатени закани кон премиерот Димитар Ковачевски и неговата партија и дека поради рушење на владата ќе страдаат невини луѓе.

– Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.

Пораката е испратена од адреса креирана на сервисот Gmail, v.antonio1996@gmail.com и истиот е испратен како групна порака до осум училишта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни