Македонија

БОМБИ И ВО БИТОЛА, еве на кои места има пријави

БОМБИ И ВО БИТОЛА, еве на кои места има пријави

За прв пат бомби се пријавени дека се поставени и во Битола, дознава 4NEWS.mk

Од МВР потврдуваат дека пристигнале пријави за бомби и на електорнски адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола.

„Дo сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР за ТВ21.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни