Десет лица, меѓу кои пет деца на возраст од 3 до 15 години, загинаа откако утринава избувна пожар во станбена зграда во предградието на Лион, Вауд ан Велен, пренесоа светските агенции и француските медиуми, повикувајќи се на министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен.
Тој рече дека причината за пожарот се уште не е позната, но постојат неколку можни сценарија и се уште се собираат информации. Дарманен додаде дека е во контакт со претседателот Емануел Макрон.
На терен се околу 180 пожарникари. Министерот за внатрешни работи соопшти дека пожарот е веќе изгаснат и додаде дека заминал во предградието на Лион.
Пожарот избувна рано утринава во седумкатница. Локалните власти соопштија дека областа на несреќата е опколена.