Свет

Загинати и ранети во нови напади во Украина

Загинати и ранети во нови напади во Украина

Осум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во напади во областа Луганск под контрола на руските сили во источна Украина, јавија ТАСС и Ројтерс.

Уништена е зграда во селото Лантратовка, а се претпоставува дека има луѓе заробени од урнатините.

Според проруските власти во Луганск, украинските сили утрово нешто по 4 часот по локално време истрелале 3 проектили од американско производство, пренесува БНТ.

Сирените за воздушен напад утрово се вклучија во Киев и на други места во Украина по руските ракетни напади, соопштија локалните власти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни