Свет

9 лица се повредени во напад на полициско комбе во Дијарбакир

9 лица се повредени во напад на полициско комбе во Дијарбакир

Девет лица, од кои 8 службеници за спроведување на законот, се повредени при експлозија на бомба додека поминувало полициско возило во Дијарбакир, јави државната новинска агенција Anadolu Agency , прецизирајќи дека пет лица се приведени во врска со „терористичкиот напад“

Бомбата бил сместенa во паркирано возило и бил активиран кога поминало полициското комбе. Во врска со инцидентот на местото на настанот се испратени екипи на „Брза помош“ и бројни полициски службеници.

Повредените – осум службеници за спроведување на законот и еден цивил – се хоспитализирани, а седуммина од нив се отпуштени по прегледот. Останатите двајца се оставени во здравствени установи на продолжено лекување.

Генералното обвинителство на Дијарбакир покрена истрага за случајот. Пет лица се приведени во врска со нападот, за кој се уште ниту една група не презеде одговорност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни