Еден од најсилните земјотреси во историјата на Тексас се случи во петокот вечерта во западниот дел од државата каде што се произведува нафта. Нема информации за штети или жртви, јави Асошиејтед прес.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени. Тој бил со епицентар на околу 22 километри северо-северозападно од Мидленд, на длабочина од околу 9 километри.
Во меѓувреме, канцеларијата на Националната метеоролошка служба во Мидленд на Твитер објави дека „тоа ќе биде четвртиот најголем земјотрес во историјата на Тексас!“.
Набргу по земјотресот следеше послаб последователен потрес.
Земјотрес со слична јачина го погоди Западен Тексас минатиот месец. Земјотресот на 16 ноември беше со јачина од 5,3 степени и епицентар на околу 153 километри западно од Мидленд.