Свет

Тешка ноќ во Украина по последователните напади на енергетската инфраструктура

Тешка ноќ во Украина по последователните напади на енергетската инфраструктура

Тешка ноќ во Украина, градот Харков е без струја и вода по вчерашните руски удари. Градоначалникот на градот предупреди дека е направена огромна штета на енергетскиот систем.

Русија вчера истрела повеќе од 70 проектили против Украина.

Со цел нормализирање на енергетскиот систем, прекини на струја има низ државата.

Властите во Киев соопштија дека ќе биде потребно време да се санираат штетите. Засега приоритет се дава на обновувањето на снабдувањето со електрична енергија на болниците, водоводните објекти, термоелектраните и пречистителните станици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни