Остра реакција на Обединетите нации откако Твитер ги блокираше профилите на новинарите кои известуваа за активностите на сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск. Беа блокирани сметките на новинарите на Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.
Светската организација коментира дека слободата на медиумите „не е играчка“.
На Twitter вчера му се заканија од Европската комисија со санкции поради нивните постапки против новинари. Портпаролот на социјалната мрежа рече дека сметките биле блокирани бидејќи новинарите ја споделиле точната локација на Маск.
Коментарот на милијардерот беше дека правилата против објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за медиумите.