Македонија

Четири лица уапсени оти агресивно се однесувале кон полицијата

Четири лица уапсени оти агресивно се однесувале кон полицијата

На 16.12.2022 во 17.20 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го привеле А.Р.(23) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службени кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2022 во 11.20часот на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, полициски службени од СВР Скопје го привеле З.П.(48) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службени кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2022 во 21.00 часот во с.Горно Палчиште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле С.С.(35) од с.Долно Палчиште, тетовско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.12.2022 во 04.45 часот на бул..,Ленинова” во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.З.(33) од с.Муртино, струмичко, затоа што се однесувал агресивно и фрлал тврди предмети кон такси возило и службено возило на Шумска полиција. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни