Во новите руски ракетни напади загинаа пет лица во Украина. Земјата се обидува што побрзо да ја врати електричната енергија по вчерашните масовни ракетни напади, кои предизвикаа прекини на електричната енергија, информира Франс прес.
Најголем број човечки жртви денеска се регистрирани во централниот регион Дњепропетровск. Таму загинаа четири лица, а уште 15 беа повредени.
За време на денешното гранатирање едно лице загина, а три се ранети во јужната област Керсон, чиј административен центар пред повеќе од еден месец беше заземен од украинската армија.
Гувернерот на областа Јарослав Јанушевич, од своја страна, посочи дека е погоден дом за стари лица во селото Степановка. За среќа нема жртви.