Свет

Ги вратија блокираните сметки на новинарите на „Твитер“

Ги вратија блокираните сметки на новинарите на „Твитер“

Новиот сопственик на „Твитер“ Илон Маск им ги врати сметките на социјалната мрежа на неколку новинари кои ги блокираше откако објавија податоци за неговиот приватен авион, пренесоа светските агенции.

Одлуката на милијардерот предизвика бран на незадоволство. Европската унија му се закани на „Твитер“ со санкции. ОН, од своја страна, го опишаа блокирањето на сметките како „опасен преседан“.

Маск ги врати сметките прибегнувајќи кон неговиот омилен метод: анкетирање на корисниците на Твитер. Вкупно гласаа 3,69 милиони луѓе, од кои речиси 59% гласаа за враќање на блокираните сметки.

„Луѓето го кажаа своето. Сметките што ја објавија мојата локација ќе бидат вратени“, напиша Маск на Твитер.

Одлуката погоди десетина американски новинари, вклучително и од водечките медиуми како Си-Ен-Ен и весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.

Во меѓувреме, Ројтерс објави дека тимот на Илон Маск им пристапил на инвеститорите за да соберат средства за социјалната мрежа која се бори, која милијардерот ја купи на почетокот на оваа година по серија подеми и падови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни