Свет

Поради лошите временски услови откажани летовите од Москва

Поради лошите временски услови откажани летовите од Москва

Повеќе од 50 летови беа одложени или откажани денеска од аеродромите во Москва поради снежни врнежи и силни ветрови, пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоци од аеродромите во главниот град.

Метеоролозите предупредија дека се очекува голомразица и обилен снег, јави БТА. Денеска се очекува ветерот да биде до 15 метри во секунда, што ќе создаде тешки услови за пилотите и возачите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни