Голем пораст на цените во Италија, пренесе АНСА.
Ова го покажува студијата на Здружението за заштита на потрошувачите.
Се очекуваше големото поскапување во рестораните во земјава.
Сепак, ова важи и за храната во продавниците. Путерот поскапе за 40 отсто, јајцата за над 20 отсто, а лебот за 16.
Значајно е зголемувањето на цената за резервации на хотели. Ова важи и за летовите.
Домашните летови скокнале за 80 отсто, а оние во Европа за 90. Еднонеделен одмор ќе чини 1.500 евра по лице.
Многу Италијанци ќе се откажат од одморите, што ќе биде важно за туризмот во земјата.