Свет

Петмина застрелани во Торонто, вооружен маж убиен од полицијата

Петмина застрелани во Торонто, вооружен маж убиен од полицијата

Пет лица биле застрелани во станбена зграда во предградие на Торонто, а напаѓачот бил убиен од полицијата, соопштија властите доцна синоќа.

Шефот на полицијата Џејмс МекСвин изјави дека еден од неговите полицајци го застрелал и го убил осомничениот напаѓач во стан во Вон, Онтарио.

„Ужасна сцена“, изјави Масквин. „Шест загинаа. Еден од нив е и сторителот. Останатите пет се жртви“. Шефот на полицијата додаде дека седмото лице е повредено и е во болница, но се очекува да преживее.

МекСвин рече дека нема информации дали напаѓачот живеел во зградата.

Полицијата ја евакуираше зградата, но МекСвин увери дека веќе нема никаква опасност за луѓето.

Масовните убиства се ретки во Канада, а градот Торонто со години се гордее што е еден од најбезбедните во светот. Канаѓаните се загрижени дека во нивната земја нема да се појави феномен сличен на насилството со огнено оружје во САД, забележува Асошиејтед прес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни