Бродови и хеликоптери трагаат по десетици морнари откако тајландски воен брод потона синоќа во Тајландскиот залив, јавува Асошиетед прес.
Досега се спасени 75 морнари, а 31 се уште се во вода, соопшти морнарицата.
Силните ветрови ја поплавија корветата ХТМС Сухотаи со морска вода и предизвикаа прекин на електричната енергија синоќа.
Кралската тајландска морнарица испрати три фрегати и два хеликоптери со мобилни пумпи за да се обиде да ја испумпува водата од бродот.
Поради силните ветрови и прекинот на струјата, во бродот навлегла уште повеќе морска вода, поради што тој потонал.
Несреќата се случила во момент кога бродот извршувал патролна мисија во морето на 32 километри од брегот.