Балкан

Судири меѓу српската полиција и демонстрантите на границата со Косово

Судири меѓу српската полиција и демонстрантите на границата со Косово

Србите што протестираа  синоќа накратко го пробија кордонот и се судрија со полицијата во близина на граничниот премин Јарине. Тие се обидоа да преминат на косовска територија за да ги поддржат блокадите и демонстрациите на косовските Срби против властите во Приштина.

Српската полиција сепак ги спречила, а од другата страна на границата патролирале единиците на НАТО Кфор.

Повикот за гранична акција дојде од српските ултранационалисти и екстремно десничарските групи.

Присутни беа и членовите на рускиот националистички мото-клуб „Ноќни волци“ – потврди лидерот на про-Кремљските рокери.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни