Папата Лав XIV нема да отпатува во Асизи на 27 октомври, каде што требаше да учествува на средба со претставници на сите религии, за да продолжи да закрепнува по операцијата на градниот кош, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.
Лекарите соопштиле дека, согласно планот, папата бил подложен на контролно рендгенско снимање на градниот кош, кое потврдило дека постоперативното закрепнување се одвива „одлично“.
Сепак, бидејќи поминало кратко време од операцијата, лекарите од претпазливост советувале да се откаже планираното патување со хеликоптер на 27 октомври, пренесува „Ватикан њуз“.