Свет

Парламентарната комисија препорача Трамп да биде обвинет за бунт

Парламентарната комисија препорача Трамп да биде обвинет за бунт

Истражниот комитет во Претставничкиот дом на САД за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година препорача денеска федералните обвинители да го обвинат поранешниот претседател Доналд Трамп за обвиненија за немири, јави БТА, цитирана од Ројтерс.

Специјалниот комитет предводен од Демократите побара од Министерството за правда да поднесе обвиненија против поранешниот републикански претседател, вклучително и попречување на официјална постапка во Конгресот, заговор за измама на САД и бунт. Барањето не е обврзувачко, но може да го зголеми притисокот врз обвинителите, кои спроведуваат повеќе истраги против Трамп, да преземат акција, забележа Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни