Свет

Путин: Ситуацијата во четирите анектирани украински региони е исклучително тешка

Путин: Ситуацијата во четирите анектирани украински региони е исклучително тешка

Ситуацијата во четирите украински региони анектирани од  Русија е „исклучително тешка“. Тоа го призна и рускиот претседател Владимир Путин.

Во видео обраќањето, Путин ги повика руските специјални служби да ја зајакнат безбедноста на границите и им наложи да ја зајакнат контролата врз општеството.

Во септември, рускиот претседател на свечена церемонија во Кремљ објави анексија на четири украински региони – околу 15% од територијата на соседната земја.

Претходно овој месец, рускиот претседател призна дека она што Кремљ го нарече „специјална воена операција“ во  Украина „може да биде долг процес“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни