Свет

Сергеј Лавров: Зеленски не разбира колку е сериозна ситуацијата

Сергеј Лавров: Зеленски не разбира колку е сериозна ситуацијата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не разбира колку е сериозна ситуацијата – речиси 10 месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, јавија ДПА и ТАСС.

„(Зеленски) само врие од идеи. Сепак, оваа фонтана прецизно го открива недоволното разбирање на (на украинскиот претседател) сериозноста на ситуацијата за неговиот народ“, рече Лавров во интервју за телевизијата Белорусија 1.

Рускиот министер за надворешни работи не прецизираше какви идеи има на ум Зеленски. Сепак, тој увери дека тие ја одразуваат „расистичката природа“ на властите во Киев.

Неодамна, украинскиот претседател ја промовираше идејата за создавање меѓународен трибунал за судење на највисокото политичко и воено раководство на Русија поради војната во Украина, забележува ДПА.

Лавров во интервјуто го критикуваше и Западот. „Хистеричната реакција“ на руската „специјална воена операција“ во Украина ја потврди позицијата на Москва дека тоа е „апсолутно неопходно“, рече тој.

Лавров посочи дека Русија не успеала во „геополитичките игри на Западот“, кој сакал да ја претвори Украина во постојана закана за неа.

Рускиот министер за надворешни работи вчера ја посети Белорусија заедно со претседателот Владимир Путин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни