Свет

Тунискиот министер за здравство поднесе оставка по смртта на 11 новороденчиња

Тунискиот министер за здравство, Абдерауф Шериф, поднесе оставка откако единаесет новороденчиња починале од септички шок во родилиштетот во главниот град Тунис.

Сите бебиња починале меѓу 7-ми и 8-ми март од последици од септички шок во туниското родилиште „Рабта“, објавија локалните медиуми.

Премиерот Јусеф Шехад изјави дека е отворена истрага против јавната болница „Рабта“, против фармацевтските тела и за хигиенските услови во болницата. Министерот за здравство, Абдерауф Шериф, оставката ја поднесеува само четири месеци откако стапи на должноста.

Туниското јавно здравство се смета за едно од најдобрите во северонафриканските држави, а медицинскиот туризам беше и сѐ уште е извор на значителни приходи на оваа земја.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни