Свет

ММФ одобри 4-месечна програма за Украина

ММФ одобри 4-месечна програма за Украина

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во понеделникот одобри четиримесечна програма за Украина , чија цел е да се одржи економската стабилност во услови на војна во земјата и да се охрабри финансирањето од донатори, објави Ројтерс.

Таканаречениот програмски мониторинг во кој беше вклучен одборот  беше одобрен од страна на раководството на ММФ на 9 декември и беше дискутиран од неговиот извршен одбор во понеделникот, додавајќи дека тоа ќе и помогне на Украина да спроведе здрава политика и да го „катализира“ надворешното финансирање.

„Големата и предвидлива надворешна финансиска поддршка ќе биде клучна за успехот на стратегијата на властите, а првичните исплати ќе помогнат да се реши проблемот на почетокот на 2023 година“, рече првиот заменик директор на ММФ, Геета Гопинат во соопштението.

Гевин Греј, шеф на мисијата на ММФ во Украина, рече дека според ММФ земјата ќе и требаат меѓу 40 и 57 милијарди долари надворешно финансирање во 2023 година, според ММФ.

Самиот ММФ нема да дава никакви заеми, но се надева дека ќе помогне се изгради доверба меѓу донаторите за поддршка на Украина.

Како дел од програмата, Украина е посветена на преземање мерки за зголемување на даночните приходи, заживување на пазарот на домашниот долг и спроведување реформи во финансискиот сектор.

Потсетуваме дека во октомври украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека  на Украина и се потребни вкупно 55 милијарди долари за да го покрие буџетскиот дефицит за следната година и да ја обнови инфраструктурата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни