Балкан

Над милион млади луѓе во Србија добија помош од 5.000 динари

Над милион млади луѓе во Србија добија помош од 5.000 динари

Над еден милион млади луѓе на возраст од 16 до 29 години добиле финансиска помош од 5.000 динари, изјави министерот за финансии Синиша Мали, пренесе Танјуг.

„До денеска, на сите млади од 16 до 29 години кои аплицираа за неа, им исплативме парична помош од 5.000 динари, исто како што ветивме. Над еден милион граѓани на нашата земја ги добија парите“, објави синоќа Синиша Мали на Инстаграм. .

Продолжуваме да ги поддржуваме граѓаните на кои им е најпотребна помош, рече Мали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни