Невремето кое вечерва ја зафати територијата на Германија, предизвика сериозни пречки во сообраќајот. Откажани се летови и возови најповеќе во западниот дел од земјата.
Полицијата соопштува дека 47 годишен возач загинал откако врз неговиот автомобил паднало дрво.
Од железничките станици информираат пак дека откажани се неколку линии поради паднати дрвја на пругата.
Денеска затворени се и зоолошките градини, а кран пак заврши во Рајна поради силната бура.
Од германската метеоролошка станица велат дека бурата која е проследена со силтен ветер од 120 километри на час се очекува да се смири во текот на ноќта.