Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе престојува во работна посета на Република Азербејџан, при што ќе се сретне со претседателот Илхам Алиев, јавија српските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на Вучиќ,.
За време на посетата, Вучиќ ќе се сретне и со министерот за одбранбена индустрија на Азербејџан, Мадат Гулиев. За време на престојот во Баку, претседателот ќе го посети и Центарот Хејдар Алиев, се вели во соопштението.
Оваа посета Вучиќ ја најави на 23 ноември во Белград на заедничката прес-конференција со претседателот Илхам Алиев.
Сега Илхам Алиев е најпопуларната личност во Европа, сега најскапи гости се оние кои досега немале време за него, но сега сите се заинтересирани за „неговиот“ гас, изјави во оваа прилика Вучиќ. Тој напомена и дека Србија ќе се обиде да ја гарантира својата енергетска безбедност во партнерство со оваа земја.
На 23 ноември делегациите на двете земји потпишаа седум договори, меѓу кои и изјава за стратешка соработка потпишана од претседателите.