Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот се сомничи дека на втори овој месец пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.
Осомничениот признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата.