Македонија

Град Скопје распиша втор оглас за приватни превозници, на линиите 9,11 и 12, се бараат 28 автобуси и 59 возачи

Град Скопје распиша втор оглас за приватни превозници, на линиите 9,11 и 12, се бараат 28 автобуси и 59 возачи

Град Скопје објави и втор оглас за избор на приватни превозници кои ќе бидат дел од јавниот превоз во градот. Откако на 9 декември беше објавен оглас само за линиите 20 и 22, една недела подоцна објавен е и втор оглас за превозници на линиите 9, 11 и 12. За линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 пет автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни осум автобуси и 18 возачи.

И овој оглас е идентичен оној од пред една година, кога Арсовска потпиша договори за две години со превозниците „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Понудите ќе се оценуваат според возен парк, човечки ресурси, техничка логистика, искуство во вршење на општински линиски превоз на патници“, стои во огласот објавен на страната на Град Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни