Балкан

Претседателството на Босна и Херцеговина ја назначи Борјана Кристо за премиер

Претседателството на Босна и Херцеговина ја назначи Борјана Кристо за премиер

Претседателството на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука за именување на Борјана Кристо за претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина, јави Фена.

„За“ одлуката гласаа српските и бошњачките членови на Претседателството Желка Цвијановиќ и Денис Бечировиќ, а „против“ хрватскиот претставник Желко Комшиќ.

„Ова е најбрзото назначување на официјален претставник во периодот по Дејтонскиот договор“, коментира Бечировиќ, цитиран од Хина.

Според Законот за Советот на министри на Босна и Херцеговина, претседавачот со Советот на министри го именува Претседателството на Босна и Херцеговина за секој нов мандат. Одлуката веднаш се доставува на одобрување до Претставничкиот дом на Парламентарното собрание.

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина ја презема функцијата откако неговото именување ќе биде одобрено од Претставничкиот дом, а потврдата мора да биде дадена во рок од 30 дена од денот на гласањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни