Македонија

„Мали, а сепак големи херои кои со насмевка се соочуваат со предизвиците“ – Ковачевски им однесе подароци на децата сместени на Хемато-онколошкото одделение

„Мали, а сепак големи херои кои со насмевка се соочуваат со предизвиците“ – Ковачевски им однесе подароци на децата сместени на Хемато-онколошкото одделение

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети дечињата кои се сместени на Хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести.

Тој вели дека имал моменти исполнети со искрена детска радост и надеж.

„Овие наши мали, а сепак големи херои со насмевка и упорност се соочуваат со големи предизвици. Нивните битки се поважни и потешки од која било битка на нас возрасните, затоа нивната среќа е важна не само за нивните родители, семејства, туку за сите нас. Подароците се надевам дека ќе бидат од помош што полесно и побрзо да ги пребродат болничките денови. Им посакувам брзо закрепнување и детството да го поминат во здравје и среќа дома, а не во болница“, пишува Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни