Македонија

Гас ќе има и по Нова година, уверуваат македонските власти

Гас ќе има и по Нова година, уверуваат македонските власти

Решен е проблемот со Макпетрол, од каде што вчера најавија дека од почетокот на годинава нема да увезуваат и испорачуваат гас на своите корисници, изјави претседателот на Комисијата за регулирање на енергетиката во Северна Македонија, Марко Бислимовски.

Според него, гас ќе има во Северна Македонија, а новите пазарни правила ќе стапат на сила од 1 јануари.

Утрово „Електрани Северна Македонија – Продажба“ објави покана за барање понуди од локални и странски компании кои можат да ги обезбедат и снабдуваат потребните количини гас за производство на топлинска енергија за топланите, како и за останатиот дел од корисниците на природен гас во земјава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни